35. Велики

Велика љубов родена во мугра
пробива пајажина која векови
заробила сосе тишина,
сосе мрачна празнина.

Велик чекор до самоти врв
мигум низ самост
прави копнеж по живот
до смрт што втемелува
постојаност и достој
за среде нов круг.

Велик прв збор во игра
на спокој,
чиј почеток е којзнае каде,
а крај којзнае кога.

Како плодно семе носено
од ветар подезми и надземи;

што секако ќе вкорени
во земја пуста, жедна, гладна,
со траги на секакви јунаштва
во своето срце.