41. Две срца на виделина

Конечно најдени во здив
што продолжува сон во спокој.

Најдени на виделина чисти,
бистри, надежни, доблесни.

На виделина на која ништо
не ѝ може ничија мрачнина.

Во здив по минати премрежја
и пајакова мрежа недогледна.

Ничија мрачнина не може
да им ја сопре љубовта

која бара плодна земја
за современо вкоренување.

Две срца на виделина
пред стамена утрешнина.