50. Негова и нејзина за надеж

На врвов наш во наше доба
до ново изгрејсонце
и заедно до ново зајдисонце.

Ниеден збор меѓу нас
немирен, возбуден, пламен;
ниедна мисла за нас
бессилна, таена, молчена.

По врвов наш во наше доба
од подножје на нова планина
до нејзин највисок врв.

По наша нова врвица
сè уште од никој откриена,
сè уште од никој догледана,
сè уште од никој изодена.

И сите околу нас
со нас во наш нов круг
на надеж.