34. Стамена игра создавачка
Една е колку единствена
и секогаш стамена играта
создавачка
на човекот кому животот
му е мигновен
од изгревот на сонцето
до залезот на месечината
и небото со ѕвезди сјајни,
огнени.
Ја почнува на земја
со лесен, па со сè потежок
чекор во празнина,
сè дури трае тишината
еднакво негова и на љубов
што раѓа спокој, сон,
што извишува градба
од слогови и созвучја
за одбрана на лична,
неприкосновена слобода.
При почнување го знае
крајот кој ќе биде воздив
со тежина планинска
на векови што траат
и безмерно и безгранично.
Остави коментар