38. Парче земја и јас

На ова парче земја
што го обградив
со грамади камења
сум со себе
откога знам за себе,
за моите предци,
за моите потомци;
со нивните коски,
со нивната крв,
со нашите
длабоки корени.

Била плодна,
род ми давала,
никогаш жедна
и никогаш самотна
со мене не била.

Откога нозеве
не ме крепат
се будиме совреме
заедно,
заспиваме заедно
во глуво доба,
а од ниедно доба
до рани зори
сониме заедно;

во пуста надеж
дека дека
опстојуваме заедно
докажувајќи му
на светот
колку убава ни била
живеачката.