36. Бестрасно

Тлее оган во моето огниште,
а јас гледам и чувствувам
дека за други несетно гасне,
та скоро ќе угасне.

Веќе сè поретко се засилува,
но брзо студно стивнува.

Тоа дека сум сам крај него
одамна,
одамна не го споделувам
со никого,
а немам ни со што
да го продолжувам,
да му го оддолжувам
гаснењето.

Сите мои годишни доба
стануваат сè повеќе исти,
безлични.

Засега тлее во мене,
сеедно во моето огниште
старо
и во оние сал за мене
во заветрина.

Скаменување
во горешта пустелија,
видливо
од неизмерна далечина,
а под него мој последен
корен жив.