35. Блесок в очи

Од кај тој блесок
во тие очи пред мене
кои
од скоро ја следат
мојата опстојба
по надминати
мрачни времиња?

Зар догледаа издив
за збогум
и замин во неврат
мигновен?

Тие очи пред мене
се од незаборавна
љубов,
втренчени од скоро
во моите последни
мисли и зборови
со шепот,
што стивнуваат
и ветер ги развева.

Тој блесок
во тие очи од љубов
незаборавна
ќе да е последен
за мене животворен.