30. Сонце, време и северец

Утринсково сонце не успева
да ги порази сенките
насобрани околу мене
и да ми ги угрее коскиве.

Времево сè повеќе
ми ја снеможи мислата
за трагата што ја оставам
на голава земја
и на расфрланите камења
во одживеани години.

Северецов ме предупредува
дека може скоро да ја завее
ако во неа не оставам
макар знак како дело
кое сè уште мислам
да им го оставам неизумено;

за кога ќе ја откријат
да ја откријат како моја,
именувана.