7. Скоро ден

Скоро ќе е ден
уште еден
во ова
мое ниедно доба
за мене ко без мене.

Кое веќе трае
замисливо долго.

Тоа е бдение
над живот
минат и изминат,
силен и бессилен
од почеток до крај
со обмислен глас
во знак од дамнина.

Кое веќе трае
замисливо долго.

Ако не исчезнам
пред виделина.