111. Човек од доверба

Тој е докажан човек од доверба, па секој што се доведува во ситуација да го спроведува она што го одлучил тој или го одлучил негов надреден, посакува да му биде десна рака. Дотолку повеќе: за кусо време некако спонтано, несетно му станува и лева. Сакам да речам, тој само одлучува односно го прифаќа одлученото од надреден, а тој спроведува секогаш навреме и беспрекорно.

Како тоа на секој нов за кусо му станува, напросто му се наметнува како човек од доверба? Треба да се нагласи дека секој имал и има други такви, а тој се разликува од нив токму според брзината на станување. Сакам да речам дека тој најбрзо од сите стекнува доверба и никогаш кај никого не ја губи.

Може да се рече дека е човек од најголема доверба. Секој кому му е на располагање најмногу сака да го придружува на секој чекор, особено на службени патувања и кај што е нужна дискреција.

Најважно за човекот од доверба не е ниту случајно да не ја изгуби довербата, ниту во каква било ситуација да предизвика сомнение, туку секој одлучувач, негов надреден, совреме да го научи таков и да го избере за своја десна рака.