109. Слика

Пред две вечери сликарот со часови ја гледаше својата слика на штафелајот. Потоа со четкичка направи неколку потези со црна боја, се оддалечи од неа, ја гледаше извесно време и задоволен си рече: „Е, сега е готова“.

Вчеравечер сликарот пак со часови ја гледаше својата слика на штафелајот. Потоа пак со четкичка направи неколку потези со жолта и црвена боја, се оддалечи од неа, ја гледаше извесно време и задоволен си рече: „Е, сега навистина е готова. Нема што да додадам или одземам“.

Вечерва сликарот со часови ја гледа својата слика на штафелајот. Не зема четкичка в рака, не ни помислува да направи макар еден најмал потег со која било боја. Ту се доближува, ту се одддалечува. Му иде да ги нафрли на неа сите бои што му се при рака.