108. Покрив

Семејството Симонови, Михаил, Калина и Орце, со судни маки дојдоа до покривот. Не ни помислуваа да запрат со градењето на приземната куќа. Ја градат сами, без ничија помош.

Ги запре рано, ненадејно настапување на зимата. Почнаа силни ветришта и неколкудневен пороен дожд кој прекуноќ премина во снег, а температурата на воздухот падна под нулата.

Ја покрија со најлон и штици, ама тие издржаа само неколку часа.

Куќата е без покрив, како уште три околни кои изгореа до темел во голем пожар што го предизвика удар на гром.