106. Лузна

-Лузнава над левово око ми е од војната. Малку требаше да го изгубам. Војникот што нишанел задоцнил за миг. Пред да пукне сум ја свртел главата кон исток и куршумот само ми го поткачи челото. Од крвта мислев дека го изгубив, но откако ја избришав продолжив да јуришам со соборците.

-Едвај се забележува.

-Така е со нив со годините. Бледнеат, се забележуваат сѐ потешко, ама до смрт не исчезнуваат. За паметење се.