123. Последно залезно сонце

Игор Јовановски за последен пат стои на ридот над градот и молчешкум ја гледа руменината на залезното сонце. Едвај го искачи и едвај ја потсмири задишаноста. Едвај стои на нозе.

Ја гледа руменината молчешкум, напати рамнодушно, а напати возбудено. Дека ова е негово последно залезно сонце.