121. Оган во огниште

Во куќарката на Изгрев Огненовски огнот во огништето не гасне сѐ до високо сонце лете. Откога му почина Искра сам се грижи за него, па му останува сѐ помалку време за друго. Тлее или се жари дење, а го распалува квечерум. Со него си го чува здравјето, си ја топли снагата.

Така е во планинава, на работ од дабравава. Не може поинаку.