117. Никогаш повеќе

„Никогаш повеќе нема да те видам, да се сретнеме, да си кажеме збор-два. Пак како обично да се прашаме „Како си?“, „Што правиш?“, „До каде си?“ и „Можеме ли еден еден без друг?“.

Никогаш повеќе нема да се сакаме, да се љубиме, да се допираме нежно, да гориме во страст. Едно време деноноќно, па одвреме-навреме, до ниедно време ноќе. Најпосле далечни како два различни света.

Никогаш повеќе нема да споделуваме мигови од наши времиња, од грижи и безгрижности, од радости и жалости, од стравови и доблести, од секидневности и секакви неизвесности.

До твојот крај јас во моја, ти во своја самост.

Почивај во мир, љубов моја единствена“.