32. Онемување

Глеткава ме онемува:
соголена, согорена,
безживотна пустелија
под огнено небо
и пространа и гробна
тишина.

Трагава ме онемува:
длабока, неодгатлива,
на живот
без почеток и крај,
пред згаснување,
пред истекување
на нечија последна
капка крв.

Јанѕава ме онемува:
дека сум стасал
на крајот од сонот
за вкоренување
во мое време,
сосе неизбришливо
минато
на жизнено, стамено,
возвишено, доблесно,
непорекливо,
плодно парче земја.