12. Сотирање

„Какво било сотирање
во жив свет
ја оневозможува
самосвеста
и ја разнишува
рамнотежата
на природата човекова“.

Му го порача тоа
најстариот од сите
мудри предводници
на народот запрен
пред оган и мразнина,
во недоумица
дали да продолжи,
да се пробива низ нив,
или конечно да прифати
дека веќе го нема.

„Памети колку
ти се длабоки корените,
остави исти
на земја и под земја  
неизбришливи траги,
па обиди се најсетне
во твојот жив свет
да ја одбраниш
самосвеста
од меѓусебно сотирање
на сите живи и мртви
созданија
што сведочат
за зависноста на сонот
од стварноста
и на стварноста
од сонот“.

Му го порача тоа
најстариот од сите
мудри предводници
сосе последен издив.

А народот
со другите свои
мудри предводници,
по којзнае колку време
на скитање
до самоти изумирање,
стаса на зајдисонце
во незназјна земја
пустошна
и се скамени.