4. Матна река

Од матно време иде
матнава река пред мене
што  нема што
да ја избистри до кај
го догледувам,
го слушам,
го замислувам
нејзиното течение.

А ја научив, а ја знам,
а ја паметам бистра
од изворот горе,
под највисокиот врв
на планинана
со неозвоиви бедеми
и неизбришливи траги
на мои предци;
бистра сѐ до нејзиното
подножје.

Во матнава река
пред мене
ништо од минато,
ништо за незнајно
живо време по невреме.

Веќе сум немошен
да ја избистрам,
па ќе мора да продолжи
да тече без мене.