144. Бран

Се кренал над сите,
се распенил, се разјарил,
се осилил што да нема
кој да се спотивстави,
да му застане на патот.

Го кренал над сите
таено, прикриено,
од никого знајно
ветриште
кое го испратил некој
освојувач на животи.

Ама ене, наспроти него,
догледно е,
се збираат мали бранови
во еден
поголем од него!

Ќе биде таа најголема,
најжестока, најкрвава,
можеби најдолготрајна
борба до смрт,
со неброени битки,
јунаства и кукавичлуци,
стамености, достоинства
и предавства.

Како меѓу скрвавени
врвни божества.

Да, тие во нив!