141. Молк за вистина

Јас ти ја покажав,
потоа ти го прекажав
нејзиниот ôд до нас
макотрпен,
а ти сега се обидуваш
во молк да ја удавиш.

Не ни помислуваш
дека тоа не е чесно
од тебе,
ни спрема неа,
ни спрема мене?

Одамна знаеш,
добро знаеш
дека ниедна,
ни вистинава што
ти ја покажав,
потоа ти го докажав
нејзиниот ôд
макотпрен,
не може да опстои
во празни зборови,
во матни води
и распалени огнови.

Ќе те разнебити,
па ќе те фрли во некој
незнаен ветар кој
сѐ уште не почнал
да развејува лажливи
знаци на живот.