155. Заминувам

За секој
со збор и премолк
што ме има,
во молк и страв
што ме има,
од надеж и сомнеж
што ме има.

Од време што иде
да ме нема.

За секој
во тишини и крици
што ме нема,
за крај и опстој
што ме нема,
пред сон и непокор
што ме нема.

Сосе исчезнување
што ме има.