46. Од мене восклик

Воскликнувам пред убавина
што се слави како победа
на животот над минливоста.

Воскликнувам пред мисла
која не дозволува со ништо
да биде обградена.

Вокликнувам пред збор
што игра и игра со други
во песна изворна.

Воскликнувам пред создание
создадено од што било
во природата при рака
на неговиот создател.

Еден, најголем, најдлабок
и најдолг
е мојот восклик пред опстој
на корен во пустошна земја,
вкоренет во гол камен
за вечни времиња.