50.

Хронолошка фактографија

(Енциклопедиска одредница напишана од Александар Мраморов)

Походите на војската на Александар Македонски

На Персија

Околу 42. 000 војници на Александровата војска биле од Македонија, од разни грчки градови-држави, платеници и пратеници од Тракија, Пајонија и Илирија.

Првата голема победа против персиските сили е извојувана во битката кај Граник. Притоа, Александар ја презел провинциската престолнина и богатствата на градот Сардис, па продолжил по Јонското крајбрежје.

Кај Халикарнас е спроведена првата од многуте успешни опсади. Платеничкиот капетан Мемнон од Родос и Оронтобатес, персиски сатрап од Карија, биле принудени да се повлечат преку морето. Александар ѝ ја препуштил Карија на Ада, владетелка на Карија. Подоцна таа била сменета од нејзиниот брат Пиксодарус.

Во планинската Ликија и Памфилијската рамнина ја презел контролата над сите крајбрежни градови. Од Памфилија брегот немал позначајни пристаништа, па Александар продолжил кон копното. Кај Термес го покорил, но не го нападнал Писидијскиот град. Во Гордиум се случила загатката со Гордиевиот јазол, со едноставно пресекување со сабја, а според некои историчари тој го извадил делот од двоколката околу кој бил. Важно е дека решавањето на оваа загатка било можно само од идниот „крал на Азија“.

Александровата војска ги минала Цилицијските порти, а во ноември 333. година пред Христа во битката кај Ис му нанела тежок пораз на главната персиска војска под команда на Дариј III. Тој бил принуден да избега напуштајќи ги сопругата, двете ќерки, мајка му Сисигамба и непроценливо богатство. Подоцна му понудил мир на Александар, предавање на сите од него веќе освоени земји и откуп од 10.000 таланти за своето семејство.

Продолжувајќи по брегот на Средоземното Море, Александар III Македонски по долготрајни опсади ги освоил градовите Тир и Газа.

Војската на Александар го напушта Египет и продолжува кон Асирија. На 1. октомври 331. година пред Христа, во славната битка кај Гавгамела уште еднаш ја поразува војската на Дариј III. Toj пак бил принуден да бегa од бојното поле. Александар го следел до Арбела, а Дариј III пребегнал во Екбатана.

Александар тргнал кон Вавилон, па кон Суса, еден од главните градови на Персија. Молскавично го освоил и го презел неговото огромно богатство. Движејќи се кон главниот град на Персија, Персополис, тој ги нападнал и освоил Портите на Персија. Побрзал кон Персеполис и заедно со војската го опљачкал сето богатството на градот.

Потерата по Дариј III продлжила. Персискиот крал веќе бил заробен од Бесус, неговиот бактријски сатрап и сонародник. Кога Александар наближил, Бесус наредил да го убијат Дариј III. Се прогласил за негов наследник под името Артаксеркс 5 и се повлекол во централна Азија од каде организирал герилски напади против Александар.

По смртта на Дариј III, Александар ја прогласил одмазничката војна за завршена. Ги ослободил своите грчки и други сојузници од војската, а на доброволци им дозволил да останат како платеници.

Напоредно со тригодишната воена кампања против Бесус, кој бил поразен во 329. година пред Христа, и Спитамен, сатрап од Согдијана кого го поразил во 328. година пред Христа, Александар формирал повеќе градови со името Александрија.

На Индија

Александар ги зацврстува своите позиции во Централна Азија, а потоа, во 326. година пред Христа, се посветува на освојување на Индија. Ги повикува сите водачи на племињата од Гандара да му се покорат и да тргнат со него. Прв прифатилАмби, владетел на Таџила, чие кралство се простирало од Инд до Џелам, но водачите на некои кланови, како Аспасиос и Асакеноис, познати во индиските текстови како Ашвајани и Ашвакајани, одбиле да се покорат.

Александар лично ја презел командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, Агријанците и коњаниците, па тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините Алишанг и Гуреа, и на кланот Асакеноис во долините Сват и Бунер. Покорувањето на овие племиња одело многу тешко, а најсилен отпор дале Масага и Аорну. Во борбите со кланот Аспасиос Александар бил ранет во рамото со копје. Биле заробени 40.000 воини.

Кланот Асакеноис му се спротивставил на Александар со армија од 30.000 борбени кочии, 38.000 пешадија и 30 слонови. Се борела храбро сѐ до падот на бројни утврдени места, како градовите Ора, Басира и Масага. На пример, пред освојувањето на Масага се водела неколкудневна жестока и крвава битка во која Александар бил сериозно ранет во потколеницата. По загинувањето на главатарот на Масага, командата над неговата војска ја презела неговата мајка Клеофис, која исто така била решена до последен здив да ја брани својата татковина. Според Куртис, Александар не само што ја уништил војската и останатите жители на Масага, туку го разрурнал до темел и го пеплосал. Истото го сторил и со Ора, како и со утврдувањето високо во планините наречено Аорнус.

Потоа Александар ја преминал реката Инд и се судрил со Пор, владател на територијата Пенџаб. Според жестокоста, најпозната е битката кај Хидасп во 326. година пред Христа. Откако го победил, стапил во сојуз со него и го назначил за управител на неговото кралство. Александар изградил два нови града. Едниот од нив од го именувал Букефал, во чест на неговиот коњ кој загинал во битката кај Хидасп.

Источно од кралството на Пор, близу до реката Ганг, се наоѓало моќното царство на Магада со кое владеела династијата Нанда. Александар ја запира својата војска кај реката Биас и не продолжува натаму кон исток. Биас ја означува границата до каде што стасал Александар на исток.

Мошне уморената Александрова војска свртела на југ. Се судрила со кланот Мали, еден од највоинствените во Индија во тој период. По жестоки битки успева да го покори, а во една битка Александар бил сериозно ранет со стрела. Мислејќи дека е тој мртов, војската ја зазела тврдината и го искалила својот бес врз заробениците.

Поголемиот дел од војската, на чело со генералот Кратер, тргнала кон Карманија. Еден дел од неа гради флота за пловење по Персискиот залив под водство на адмиралот Неарх, а остатокот се вратил назад во Персија, низ пустината Гедрозија. Ја минала по околу 60 дена, но притоа умираат околу три четвртини од воините.

Дел од силите Александар оставил во Индија. Го именувал својот офицер Пејтон како сатрап, позиција која тој ја задржал следните десет години, сѐ до 316. година пред Христа, а во Пенџаб го оставил генералотЕудемус како командат на војската што ја владееле Пор и Таџили. По смртта на обајцата, Еудемус станал господар на Пенџаб. Пејтон и Еудемус со нивните војски се враќаат на запад во 316. година пред Христа, а на нивно место Чандрагупта Мауриа го формира Царството Маурија.