95. Крилати

Љуба:

-Што е ова, Самобитна сенко? Зошто детево на портретов е крилато?!

Самобитна сенка:

-Не ти кажав за намерата, Љубо моја, оти сакав да те изненадам. Му ги насликав крилјава оти има толку ведро и безгрижно лице што ми изгледа како само што не полетало, не се ослободило од рамкава. Му насликав шарени крилја, па ако сака нека ги раскрили.

Љуба:

-Значи, го портретираме како ангелче. Да?

Самобитна сенка:

-Не. Да ми беше тоа идејата, ќе му ги насликав бели. Следејќи ја твојата, да насликаме портрет на дете што копнее по слобода, да полета кон неа догледувајќи ја на хоризонтот, мислам дека совреме ја разбрав и своеволно го сторив ова.

Љуба:

-Самобитна сенко моја, знјаеш дека тебе не можам да ти се налутам. Што ќе правев до вчера, што да правам денес, што би правела јас утре без тебе…Можеше да ми кажеш. Секако дека ќе прифатев и заедно ќе ги насликавме. Не е важно. Туку…Отсега сите прострелчани што допрва ќе ги портретираме да ги сликаме крилати и раскрилени?

Одамна на небото над Прострел никогаш не летаат, ниту прелетуваат птици.