91. Еднолични и празни

Денови и ноќи исти со луѓе без цел.

 

92. Шегобиец

Непрестано бие шега со свои измеќари.

 

93. Изѕемнат

Изѕемнат е, душата му ѕемне.

 

94. Неминовен крај

По многу уривања уште само руина.

 

95. Снеубавен живот

Веќе сите убавини наши се снеубавија.