79. Патриот

Во срце грутка негова земја.

 

80. Духовен татко

Буден дух за живот во слобода.

 

81. Сила

Мисла, збор и дело во сончев зрак.

 

82. Надежно

Во тебе јас со мое дело.

 

83. Разведрено небо

По црни облаци небесна синевина.

 

84. Создавам

Создавам дело за мене и за нас, љубов.

 

85. Исчезнати

Сведочам дека се од сите заборавени.