166. Единствена

Една љубов за здравје и спокој во години.

 

167. Уривам

Ѕидови што преку ноќ ме обѕидуваат.

 

168. На умирање

Забрзано му гасне срцето.

 

169. Низ смеа

Кучиња лаат на карван пред зори.

 

170. Пред бег

Дисаѓи преку рамо со крадено азно.