57. Опирање

Се опирам на состојба
без можности за мене,
за мои пријатели
и за оние што споделуваат
моја мисла со мое дело
како богатење на животот.

Се опирам на состојба
како знам и умеам
во свет што одвај
го препознавам
како опстој човеков
безмерен.

Се опирам на состојба
без можности за нас,
за наши придружници
и за оние што со нас
совреме ги промислуваат
нештата
за да ги придвижат
кон спокој, надеж и љубов
со нескротливи рожби,

сѐ дури  не се вкоренат
помеѓу наши бденија
и наши просветленија.