51. Таговен

Тој е сѐ повеќе дише
меѓу свеќи и сенки
што догоруваат на ветар.

Не им успева ниту
на цвеќињата околу него
да го зарадуваат,
да му изнудат макар
добродушна насмевка
и нежни допири
на неговите корави дланки.

Не им успева ниту
на птиците и бубалките
сојузени
во заедничка игра со
животот
да го кренат на нозе,
та да го однесат во време
животворно.

Таговен е безмерно
оти мразна болештина
среде сончевина,
среде смирение и ведрина
му го сотре семето.