46. Изгледно

Навикнав да се будам
секогаш во рани зори
на мојата
природна состојба;
во која го имам само она
со што можам
да ја бранам невиноста
на мислата и делото
пред вресоци
во молскавици.

Сега ми е изгледно
опстојувањево времено
на оваа од дамнина
моја земја,
секогаш подготвена,
отворена, огнена,
нежна за плодно семе.

А и по мене ќе остане
моја,
макар безимена трага
неизбришлива
во името на надежта,
сонувањето, играта,
љубовта,

во достојанието
на моите предци
и потомци.