41. Надежна мисла

Нема ни чекор назад
по долго лунѕање
во беспаќе
и конечно догледување
на врвица кон врв.

Сѐ отфрлаш од себе,
се соголуваш пред мене
како да те вжештува
некој оган страстен,
непрониклив.

Во преграб си
на зборови надојдени
од надежна мисла
дека никогаш повеќе
нема да се случи
разорување
на нашите бедеми
од секавици
и громови мразни.