Зошто овој наш серијал од емисии – проект од јавен интерес, не е топ листа кога таа, како форма и содржина, е основна, стожерна, дури и единствена тема, ако не се земат придружните нешта кои се со неа поврзани или произлегуваат од неа на посреден и непосреден начин? Дали е тој нејзина негација?

Не, намерата не ни е да ја негираме односно обезвреднуваме ‘стандарната’ топ листа, каква што ја гледаме на телевизии, ја слушаме на радија, ја читаме во весници и с-писанија. Како и се друго, она што е стандард е тоа, и не треба да се троши енергија на негово евентуално подобрување, целосно и суштинско или само во некој негов дел. Кога би го правеле тоа, макар и само како обид, тоа би значело дека стандардот не е стандард, дека е веќе надминат штом ‘дозволува’ интервенција врз него. Намерата ни е, со поставување на вистинското место на одделни елементи и дефинирање на некои основни параметри и вредносни критериуми, да понудиме една поинаква топ листа; нестандардна, некли{ирана, нова, а најважното: релевантна, валидна.

Станува збор за музичка топ-листа, а може да се примени и во која било друга област, до колку се имаат предвид досегашните размисли и укажувања и уште она на што ќе посветиме внимание во оваа и следните емисии.

Послушајте ја четвртата епизода од проектот Политоника.