…Затоа што е ова вистинската топ -листа. Затоа што сме повеќе од сигурни дека откако ќе се слушне, ќе се преслуша, ништо во врска со топ – листите и кај нас и во светот нема да биде од она што е. Освен ако не слуша или не сака да слуша, па со таквиот ќе мораме малку повеќе да поработиме, да го преслушуваме колку не знае и колку многу (малку веќе не) треба да дознае, да научи.

Што? Рековте, си рековте: од каде толкава сигурност, самоубеденост, можеби и самобендисаност? Од никаде, оти ништо од тоа. Не сум сигурен, туку знам дека не може и нема да биде поинаку. Не сум самоубеден, туку убеден откако ги проанализирав, ги проуќив, открив, осознав, научив сите нешта во врска со топ листите воопшто, посебно музичките. И кај нас и во светот. За самобендисаноста да не правиме муабет. Немам причина да се самобендисувам бидејќи ги има доволно што ме бендисале и ме бендисуваат, а пред се таа- самобендисаноста воопшто не помага и не може да помогне ‘Ова не е топ- листа’ да биде вистинската топ листа.

Што е тоа хит? Аха, какво прашање. Зарем воопшто треба да се прашува такво нешто? Како што е? Па, се знае што е хит. Тоа е…

Молам? Што е? Популарно, многу (масовно) слушано, многу продавано, многу купувано? Тоа е? Да, е, ама не е. И тоа, но и малку, и повеќе нешто друго.

Што ќе речете за англиското hit во спортот што значи поединечна трка? Песните на топ листите- хитови во поединечна трка? Значи, трчаат сами и се натпреваруваат со…времето. Токму така!

Послушајте ја третата епизода од проектот Политоника.