Она што е да не е, и она што не е да е. Можно ли е? Зошто не?

Ова е топ листа (МММ) затоа што не е. И ова не е топ листа затоа што е. Противречно, контрадикторно? Не.

Овој проект претставува обид – експеримент на она што е стандард, клише, банално, дилетантско, дури веќе дегутантно во нашиот радиодифузен простор, а се нарекува топ листа, да му се даде друга, сосема поинаква димензија – форма и содржина.

Притоа, да се задржи нејзината двојна намена- функција, дури да се надгради: вреднувачката- селектирачката (рангирање) и забавувачката (игра, разонода).

Послушајте ја втората епизода од проектот Политоника.