Подлвекуваме, акцентираме:

За вредностите, вредносниот систем и топ- листите бидејќи ‘Ова не е топ- листа’ затоа што е.

Вредноста: иманенција на просторно- временската димензија на секое дело, од кој било вид, тип, жанр. Проблемот е не во нејзиното дефинирање, туку во нејзиното откривање, осознавање и експликација. Трајна вредност: вонвременска и вонпросторна димензија на едно дело. Вреднувањето, пак, подразбира естетски критериум, стручност, компетентност. Дело што не се вреднува и превреднува (валоризира- ревалоризира) и просторно и временски е ограничено, актуелно, дневно. Дури и она што не издржува утврден или потврден естетски, вредносен критериум трае во времето и опстојува во просторот подолго и повеќе од невреднуваното.

Трајното, вонвременското и вонпросторното може, но не мора да има врска со пазарната вредност (понудата- побарува~ката). Всушност, повеќе или воопшто ја нема, отколку што може да ја има. Релативна е валидноста на релацијата вредност- потреба- утилитарност.

Вредносниот систем се темели на критериум- критериуми и критички однос спрема создавањето, создаденото- делото. Тоа, пак, претпоставува не основно, туку темелно познавање на она што се вреднува, оценува, што се рангира, квалификува. Вредносниот систем го содржи естетското, но и етичкото, текстот и контекстот, показното, доказното, но и симболичкото и асоцијативното; а пред се и над се индивидуалното (како сушност на постоењето) и колективното (како егзистенција и коегзистенција) културно, интелектуално, филозофско толкување на свеста и самосвеста.