Топ-листите се мошне раширени, прифатени форми на презентација, афирмација, но и рангирање на музичкото, и не само на музичкото творештво.

Една од причините за тоа е во едноставноста- стандардизацијата, клишето за нивна реализација: презентација на музички новитети, гласање на слушателите, рангирање според гласовите, и тоа е се.

Мошне ретко кај нас тие се „прават“ според утврдени строги критериуми, со рецензентски пристап- оценка, вреднување на музичките дела во нивната комплексност (музика, аранжман, текст, изведба- интерпретација).

И бидејќи не нудат естетска валоризација, нивниот “ефект” е речиси исклучиво комерцијален, со „оправдување“ дека „за вкусовите не треба да се расправа“.

Послушајте ја првата епизода од проектот Политоника.