481. Ноже

Ножево ми го подари
стар мудрец на умирање.

 

482. Си реков

Си реков ќе мине и пак
ќе биде како што ми беше.

 

483. Не те познавам

Далечна, недостижна,
веќе не те познавам.

 

484. Те мислам

Ќе успееш ли без мене
да стасаш на своја цел?

 

485. Ѕвездена светлост

Обзеде обѕидан
ѕвездена светлост.