476. Посматрање

Посматрам сѐ како што е и
не можам да премолчувам.

 

477. Слугување

Се ведне доземи,
не исправа снага.

 

478. Голорак

Чистам со голи раце
какол меѓу човештини.

 

479. Неопитен

Решава неопитен
сам да решава.

 

480. Милувка

Во грубости некогаш
ми фали твојата милувка.