466. Искричави очи

Тие очи искричави
што ме следат молкома.

 

467. Те мислам

Те мислам како да си уште
со мои зборови обѕидана.

 

468. Детска смеа

Ми ја бранува крвта оваа
детска смеа безгранична.

 

469. Праг

Праг каменит пред
нечија куќа разурната.

 

470. Еднипати

Еднипати сам искачувам
кон врв гола угорнина.