451. Посед

Мојот посед од зборови и дела
ќе остане засекогаш само мој.

 

452. Нејаснотија

Не согледа изминат пат,
а веќе зачекори на нов.

 

453. Не помислувам

Не сакам ни да помислам
дека може невреме во мене.

 

454. Пред да запејам

Се менува годишно доба,
а јас сѐ уште рамнодушен.

 

455. Расцутување

Спокојно расцутува млада,
штотуку закоренета овошка.