436. Насила

Насила ми земаш
од сегашнинава.

437. Велеград

Не ги догледувам височините
на велеградов во пустелија.

438. Толпа на улица

Застанувам во толпава на улица,
земам здив и продолжувам во неа.

439. Болешлив

Ќе стаса ли болешливиов
на својата последна цел?

440. Стравување

Стравувам да не заминат
сите далеку бесповратно.