431. Поука

Одиме докрај
зашто одиме.

432. Безгласни пред

Навалица од зборови,
а стануваме безгласни.

433. Мраз до коски

Стоиш в место онемен
на мраз до коски залезен.

434. Сиот имот

Сиот имот
за живот.

435. Магија

Во тебе магија
од мене сокриена.