426. Нȇми луѓе

Се собрале луѓе нȇми
и се разрадостиле.

427. Неосвоив предел

Стрмен предел и каменит,
гол и див, убав и разнобоен.

428. На полден

Точно на полден
запрев на полпат.

429. Ноќ и сон

Ведра моќ и длабок сон
безшумни, безгласни.

430. Трошна куќарка

Роднава трошна куќарка
не ја уриваат невремиња.