416. Безличен

Има тој лице, ама
без маска вешто го крие.

417. Грубост

Грубост во збор
што не се сокрива.

418. Подол

Те научија, те познаваат,
па на ветромет те оставаат.

419. Гледиште

Разбрав дека ќе достоиш
исправен на раб на бездна.

420. Само     

Ти само потони во сон,
па ќе полеташ и ќе запееш.