411. Повтор

Ми се случува повтор
да барам смисла на збор.

412. Помисла

Можеби има некаква врска
меѓу прв чекор и догледна цел.

413. Цела година

Цела година сам со себе
меѓу огнови во глуви ноќи.

414. В срце

Имам нов извор в срце
што скоро ќе бликне.

415. Мразулци

Збогување во мразно утро,
мразулци на мразно лице.