40. Во сенка и тело

Во сенката на твоето тело
љубов на време предадена.

Во телото на твојата сенка
самост од доблест мислена.

Во сенката на твојата сенка
лице од никого препознаено.

Во телото на твоето тело
оган на ветер неволен.