9. Уважување

Го обгрнала силна
сончевина
додека дишел
и чекорел стамено,
до пред да се искачи
на врвон јуначен.

Сега е сал негова
сончевина;
и во него и со него
животворна.

Не ни помислувам
да тргнам кон неа.