16. Одново од ново

Одново од ново
по ново
и за ново почнувам
да заживувам,
да доживувам,
да преживувам,
да одживувам смисла
на сечие постоење
во земја која отсекогаш
била
и засекогаш ќе биде
моја.

Притоа ми е сосем
сеедно
дека тоа некогаш,
за некој може секогаш
е како повторување
на веќе кажано,
на веќе докажано, а
многупати одмолчено.

Така е со сè што е
во создавање,
во непрестано трагање
по несомнено
лично достојание.