14. Продолжувам

Здивнувам како да не здивнувам
пред свиок на пат што некое време
го пробил низ сушен, каменит,
низ неплоден предел на тишини,
меѓу светлини и и студенини.

Здивнувам, па продолжувам
со чекор стамен кон хоризонт
засега само од мене догледен;
дека сè уште исправена снага,
дека сè уште нескротлива снага,
дека сè уште неуморна снага
моја
знае до кога, колку и како
ќе преживува, ќе заживува
заедно
со дела на далечни предци
и блиски потомци.

Продоложувам како никогаш
да не сум почнал патешествие
жизнено
од една до друга планина,
од една до друга долина,
од една до друга достојност,
самостојност и самобитност.

Како да ќе стасам скоро
во некое време незнајно
во кое ќе оставам траги
на беспримерна, беспоговорна
и бестрашна опстојба.